СИДА
СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит (на англиски AIDS од Acquired Immune Deficiency Syndrome) е глобална човечка епидемија.
Кога ХИВ долго време се борел со имунолошкиот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.
Светската Здравствена Организација проценува дека меѓу 2,8 и 3,5 милиони луѓе умреле од СИДА во 2004. Околу 60% од населението со СИДА живее во суб-Сахарска Африка каде медицинските процедури вклучувајќи и трансфузија на крв претставуваат извори на многу случаи на СИДА.
Кои се знаците за СИДА
Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:
- Постојано чувство на замор.
- Ноќно потење - како резултат на ноќните температури.
- Послабо помнење.
- Брза загуба на тежина.
Третман на СИДА
Во третманот се користат антиретровирусни лекови кои се усмерени против предизвикувачот (вирусот на СИДА), како и други лекови, вперени против опортуните инфекции и компликациите на болеста.
СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ СИДА
Светскиот ден на борба против СИДА-та, 1 Декември има посебно место во историјата на ХИВ/СИДА пандемијата.
Идејата за светскиот ден на борба против СИДА е родена во јануари 1988 година, од министрите за здравство, учесници на Светскиот самит за превенцијата на ХИВ/СИДА.
Од 1998 година 1 декември станува ден кој носи пораки на сочувство, надеж, солидарност и разбирање за ХИВ/СИДА проблемот во секоја земја во светот, независно дали таа се наоѓа на север, на југ, на исток или на запад, дали е неразвиена или развиена или е во транзиција.
На 1 Декември секоја година се промовира Кампања, што ја карактеризира ХИВ/СИДА превенцијата за таа година.
ЗОШТО СЕ КОРИСТАТ КОНДОМИТЕ?
Кондомите се користат со векови уште од 3000 година п.н.е. како заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести (на пр. хламидија, сифилис, гонореа и др.). Денес кондомите играат важна улога во превенцијата на ширењето на ХИВ инфекцијата. Како вид на контрацепција кондомите се: широко достапни, за нив не е потребен рецепт или посета на лекар и се едноставни за употреба.





0 Comments:
Post a Comment
<< Home