За секого по малку

Thursday, October 26, 2006

Смислата и разбирањето на животот

Ние сме луѓе ,а луѓето размислуваат. Како секој човек така и јас размислувам за одредени нешта и ги давам моите идеи преку кои ги искажувам моите сфаќања кон одредени проблеми. На тој начин ги изразувам моите погледи кон светот.
Меѓу многубројните прашања кои брануваат во психата на секој човек е и прашањето за животот. Токму така. Јас размислувам и во мене се прашувам: Кој се не помислил за смислата на животот? Па според мене ќе речам: не постои човек што не сака да знае зошто живее. Па еве и јас самиот се прашувам: Каква е смислата на животот? Како може да имам цел во животот и да добијам задоволство од мојот живот? Ќе имам ли потенцијал да постигнам нешто, што ќе биде трајно?
Размислувам многу, одговорот го барам во еден лавиринт во кој пред да излезеш од него треба да поминеш долг пат исполнет со надежи, сомневања, поуки и совети. Размислувам и по доло размислување го давам одговорот на прашањето: " Што е животот? ". Според мене, еден пат со определн почеток и определн крај. Но што е неговата смисла?
Како што многумина велат живеј го секој ден како да ти е последен. Всушност и овде се наоѓа смислата за животот. Според мене да живееш е да ги исполнуваш обврските кои ти престојат. Животот ни нуди многу сознанија и идеи кои не потикнуваат да размислуваме , да дискутираме , односно да се изградиме како цврста личност во општеството. Ни овозможува да го запознаеме самиот живот преку дружења, забави, но и преку различните искуства со кои се среќаваме со цел да ги пребродиме животните потреби. Секој човек си поставува цел во животот, кој сака истата да биде исполнета. Така чекори по патот на животот и користејќи ги своите способности живее и сонува да ја види својата цел исполнета. Преку неа тој сака да биде запаметен и да остави одредени свои сфаќања кои ќе бидат засекогаш трајни.
Меѓутоа повторно ќе речам живеј го секој ден како да ти е последен. Бидејќи секој ден си е посебен за себе , носи нови видици , нови сознанија кои го потикнуваат човековиот ум да истражува и да се сооучува со она што му нуди животот, сознавајќи ја неговата смисла. Но часовникот непрекинато отчукува, животот продолжува понатаму, а ние повторно ќе се прашуваме каква е смислата за животот. а во меѓувреме ќе дискутираме, ќе осознаваме нови работи и со тек на времето смислата за животот можеме и да ја промениме.

2 Comments:

  • Мразам филозофија :) ама ми се ареса есејо :)

    Welcome

    By Blogger asdf, at 1:37 PM  

  • esejot e navistina cool , na slicen nacin i jas taka razmisluvam za zivotot :)
    cestitki i pozdrav za avtorot :)

    By Anonymous Anonymous, at 11:00 PM  

Post a Comment

<< Home